Deprecated: Optional parameter $pattern declared before required parameter $function is implicitly treated as a required parameter in /home/aviotnrd/hotelinternational.mk/wp-content/plugins/wp-cerber/cerber-scanner.php on line 3463
За Нас | Hotel International

За Нас

Хотел Интернационал

Под падините на планините Петрино и Галичица, непосредно до познатите Билјанини извори, од кои според легендата настанало познатото Охридско Езеро, на излезот од булеварот „Туристичка“ кој води до најубавите плажи на источното крајбрежје, се наоѓа хотелот „Интернационал“.
На атрактивна локација, изграден во модерен стил, хотелот „Интернационал“ е идеално место за вашиот престој во Охрид. Оддалечен на 5 минути од Езерото и само 15 минути од центарот на градот, хотелот „Интернационал“нуди извонредни услови за престој на гостите.

Располага со 35 стилски уредени соби, од кои 25 се двокреветни, 2 се трокреветни, а 6 апартмани. Сите имаат клима уред, интернет и телевизија. Се издаваат по принципот ноќевање со доручек кој се реализира во специјалниот интерен ресторан наменет само за гостите кои користат сместување во хотелот.

Хотелот има сопствен паркинг, обезбеден со видео надзор, прекрасна тераса со бар, конгресна сала, фитнес сала, финска бања, турска бања, џакузи, масажа.
За овие и сите дополнителни услуги кои ги нуди хотелот може повеќе да се информирате на рецепцијата на хотелот која работи 24 часа или на телефонот +389 46 55 11 66. Тука љубезно ќе ве информираат за се што ве интересира во врска со посета на знаменитостите на градот, рентакар, рентабајк или други услуги, екскузрзии и останати корисни информации.

Охрид – вистински бисер на Балканот

Македонија, длабоко во срцето на Балканскиот полуостров, едноставно е мала земја со извонредна убавина. Иако древна, таа е најверојатно една од најмалку познатите и посетени земји во Европа, што на некој начин ја прави уште повеќе мистериозна и атрактивна. А без сомневање, најскапоцениот накит кој сјае еден покрај друг, се градот Охрид и Охридското Езеро.

Во 1979 година, Комитетот на УНЕСКО одлучи да го впише Охридското Езеро на листата на светско природно наследство, како универзална вредност. Во 1980 година, заштитата беше проширена и на културно-историското наследство на Охрид.
Охрид е вистински бисер. Еден од  најпрепознатливите добро зачувани историски градови во Европа. Има бескрајно голема понуда за туристите кои сакаат да престојуваат на Балканот и да ја истражуваат Македонија. Тоа е место што ќе остане во вашето срце засекогаш, а хотелот Интернационал е најдобриот избор да ја почувствувате мистичноста и убавината на Охрид.

Сместувачки Капацитет

Нудиме различни соби за сечиј вкус. Секоја соба има клима, интернет и ТВ. Со секоја резервирана соба добивате 24/7 бесплатен паркинг за Вашето возило. Направете ја вашата резервација преку нашиот букинг систем или контактирајте не преку контакт формата на нашиот Веб сајт.

 

Двокреветни Соби

Трокреветни соби

Апармтани

Работно Време

24/7

Контакт

За дополнителни информации и прашања контактирајте не.